Рецепти

Џем од јагоди што не дебелее

18. мај 2017 - 14:37 | Л.Е.

Сите се радуваат на овој период бидејќи свежите јагоди се во изобилство на пазар. Но, како минуваат деновите се менува и овошјето кое ни е достапно свежо, па затоа побрзајте да ги сочувате овие вкусови за дождливата есен и ладната зима.

Џемот од јагоди оди рака за рака со гооооолемо количество шеќер, а во периодот кога физичката активност е на минимум колку и да ви е слатко свесно го контролирате конзумирањето на овој деликатес. Но, постои начин да уживате во вашиот омилен џем и мнооооогу помалку калории со тоа што ќе го замените шеќерот со Stevia.

За 3 средни теглички џем од јагоди потребни ви се: 1 килограм свежи пасирани јагоди, 8 супени лажици пектин, 6 лажици гранулирана Stevia и 200 милилитри вода.

На претходно измиените и испасирани јагоди додадете ја водата и загревајте дури смесата не почне да зоврива. пополека додавајте го пектинот се додека смесата не почне целосно да зоврива. Од овој момент натака доволни се 3 минути готвење и потоа смесата се трга од оган. На вака приготвениот џем му се додава засладувачот, се меша и со метална лажица се отстранува белата пена која настанува со додавањето на Stevia. Додека се уште е топол џемот се претура во претходно измиени и затоплени теглички. На здравје!

Коментирај