Филм & ТВ

Џенифер Анистон и Анџелина Џоли се сретнале само еднаш во животот

23. мај 2019 - 13:48 | МИА/КАЈГАНА

Медиумите со години шпекулираат дека Џенифер Анистон и Анџелина Џоли не се во добри односи, а како причина за тоа го наведуваат она што им е заедничко – Бред Пит сега на двете им е поранешен сопруг.

Анистон зад себе има два пропаднати брака - првиот пат се омажи во 2000 година, и тоа за својот колега глумец, Бред Пит. Нивниот брак траеше пет години, а причината за разводот беше неговата врска со Џоли, што почна при снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith”.

Во интервју за Vanity Fair, Џенифер откри дека со Анџелина се сретнала само еднаш во животот. Тоа се случило на некој паркинг, непосредно пред почетокот на снимањето на филмот каде што Бред и Анџелина имаа главни улоги. Анистон тогаш сè уште ја снимала серијата „Friends“.

Во таа прилика, Џенифер ѝ рекла: „Бред е многу возбуден што ќе има можност да работи со Вас. Се надевам дека добро ќе се забавувате.”

Набргу потоа, Анистон и Пит се разведоа, а тој речиси веднаш влезе во врска со Анџелина. Бред и Анџелина се венчаа 2014 година, но се разведоа по две години, и тоа прилично бурно.

Коментирај