Живот

Џенифер Хадсон со емотивен настап во чест на Коби Брајант на Ол Стар 2020

18. февруари 2020 - 16:18 | А.С.

Емотивна и моќна. Вака сите ја опишуваат изведбата на Џенифер Хадсон во чест на кошаркарската легенда Коби Брајант, пред почетокот на Ол Стар 2020.

Кошаркарскиот великан Меџик Џонсон ја најави оскаровката Хадсон која го испеа класикот на Дони Хатавеј „For All We Know (We May Meet Again)“ во чест на Брајант и неговата ќерка Џијана (13), кои загинаа во сообраќајна несреќа заедно со уште седум други лица на 26 јануари во Калабасас, Калифорнија.

Приватниот погреб беше одржан на 26 јануари, а на 24 февруари ќе се одржи комеморација во Центарот Стејплс во Лос Анџелес, домот на Л.А. Лејкерс каде Брајант ја помина речиси целата кариера.

Коментирај