Филм & ТВ

Џеси Пинкмен се враќа во филмското продолжение на „Breaking Bad“

8. ноември 2018 - 13:24 | К.З.

Серијата „Breaking Bad“ беше вистински хит додека се прикажуваше на телевизиските мрежи, а нејзината популарност продолжи и откако таа прекина да се емитува во 2013 година. Креаторот Винс Гилиган вчера објави дека почнува со работа на филмско продолжение на серијата.

Вчера ја објавивме веста дека официјално беше најавен долгометражен филм инспириран од настаните во серијата „Breaking Bad“ а веќе денеска дознаваме повеќе детали околу него.

Новиот извештај објавен на порталот SlashFilm вели дека новиот филм ќе биде продолжение на серијата „Breaking Bad“ и ќе го следи животот на Џеси Пинкмен (Арон Пол) по хаотичната последна епизода. Актерот Арон Пол веќе се согласил да ја игра главната улога во филмот.

Според она што го знаеме од претходно, дејството на филмот ќе го следи протагнистот кој е „киднапиран маж кој се бори за својата слобода“. Почетокот на снимањето на филмот ќе биде на крајот на овој месец а би требало да заврши до февруари 2019 година.

„Breaking Bad“ го следи животот на професорот по хемија Волтер Вајт, кој решава да зачекори по криминалниот пат откако дознава дека боледува од рак на белите дробови. Серијата започна во 2008 година и заврши во 2013 година, но оттогаш доби и prequel серија со името „Better Call Saul“, која трае и понатаму.

Коментирај