Фудбал

Џиџи се враќа: Голманот утре на медицински прегледи во Јувентус

3. јули 2019 - 17:23 | МИА

Голманот Џанлуиџи Буфон е пред враќање во Јувентус.

Според медиумите во Италија, 41-годишниот голман утре ќе ги помине лекарските прегледи во клубот од Торино.

На 30 јуни истече неговиот договор со ПСЖ, па Буфон во моментов е слободен агент.

Легендарниот Џиџи ги бранеше боите на Јувентус 17 сезони – од 2001 до 2018 година. Тој има вкупно 656 натпревари на сите турнири за клубот.

Во ПСЖ тој играше една година, забележа 25 натпревари на сите турнири во кои прими 25 гола.

Коментирај