15.август 2017
Џими Фалон со солзи во очи го критикуваше Трамп
Познатиот американски шоумен и комичар Џими Фалон често знае да се зафати и со сериозни теми, како што беше тоа случај со, според него и многу други луѓе, ненавремената реакција и осуда на претседателот Доналд Трамп на расистичкиот инцидент во Шарлотсвил, Вирџинија каде загина една 32-годишна жена.
Во неговото емотивно обраќање во кое беше очигледно дека е на граница да се расплаче, тој зборува за неговите две ќерки и за светот во кој тие живеат, свет во кој треба да се постават добри примери и да се осуди расизмот што постои.
-->
Коментирај