Свет

Џина Хаспел стана првата жена директор на ЦИА

18. мај 2018 - 10:14 | К.З.

И покрај противењето на многумина, Џина Хаспел вчера беше изгласана за прва жена директор на ЦИА со освојување на 54 од можните 99 гласа во Сенатот. Во гласањето отсуствуваше сенаторот Џон Меккејн, поради здравствени причини.

Поголемиот дел од Републиканците гласаа во корист на Џина Хаспел, а дури 6 Демократи им се придружија во гласањето. Крајниот резултат беше 54-45 во корист на Хаспел.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Мекконел, го опиша изборот на Доналд Трамп да ја постави Џина Хаспел за директор на ЦИА како „избор на вистинската жена во вистинско време“. Пред гласањето тој изјави дека Хаспел го заслужувала директорското место со нејзиниот интергритет, искреност и напорна работа, а тој посочи и дека таа навистина ја заслужила довербата не само од Сенатот, туку и од цела нација.

Нејзините поддржувачи ја посочија нејзината 33-годишна кариера во Агенцијата како пресудна препорака за директорското место, но сепак таа имаше и непријатели во луѓето кои го осудуваа нејзиното учество во мачењето на потенцијалните осомничени по рушењето на Кулите близначки на 11 септември.

Џина Хаспел доби голема поддршка од поранешни членови на ЦИА, дипломати и воени лица кои ја следеле нејзината работа со години. Помеѓу оние кои ја поддржуваа нејзината номинација се најдоа 6 поранешни директори на ЦИА.

Коментирај