Свет

Џо Бајден вети дека „ќе најде лек за ракот“ ако стане претседател на САД

12. јуни 2019 - 15:07 | К.З.

Вашингтон полека се подготвува за нови претседателски избори, а помеѓу кандидатите е и демократот Џо Бајден, кој беше заменик-претседател на САД од 2009 до 2017 година, кога во Белата куќа стануваше Барак Обама. Во неговата претседателска кампања тој вети многу работи, но ниту една не беше толку директна и чудна како оваа последната.

Како дел од неговата турнеја низ САД, Бајден вчера ја посети Ајова и ја најави неговата кандидатура за претседателските избори наредната година преку неколку интересни изјави. Онаа која привлече најголемо внимание, сепак, беше онаа за отстранување на ракот во САД.

„Ако бидам избран за претседател, ви ветувам дека ќе се изборам за совладување на најголемиот проблем кој ја менува нашата земја. Ќе го излечам ракот во САД“, изјави Џо Бајден.

Неговите зборови беа дочекани со аплауз, но сепак оставија неколку збунети лица во публиката. Оние кои знаат повеќе за личниот живот на Бајден ќе се потсетат дека тој многу одамна е предводник на борбата за наоѓање на лек за ракот. Неговата работа на полето на истражување на ракот потекнува уште од моментот кога на Бу Бајден, неговиот син, му беше дијагностициран рак. Бу Бајден почина во 2015 година како последица од рак на мозокот.

Коментирај