Стил

Џон Леџенд прогласен за најсексапилен маж во 2019 година

13. ноември 2019 - 17:58 | Б.С.Б.

Магазинот People го прогласи Џон Леџенд за најсексапилен маж во 2019 година.

Американскиот музичар и неговата сопруга се еден од најпознатите парови во Холивуд, а кога Леџенд ја дозна веста дека People го прогласиле за најсекси маж, се пошегува на негова сметка.

„Во 1995 година Џон би бил многу збунет кога би дознал дека ќе го наследи Идрис Елба. По ѓаволите, Џон е еднакво збунет и во 2019 година, но му благодарам на магазинот People што ме смета за сексапилен. Ќе го прифатам тоа“, напиша музичарот.

Реакциите на Twitter по неговата шега се урнебесни. Актерот Идрис Елба му одговори за фотографијата и се пошегува на сметка на Двејн Џонсон, кој оваа титула ја освои во 2016 година.

„Честитки брат, го заслужи ова. Немој да му кажеш на Двејн за титулата, тој сè уште мисли дека е негова. Јас немав срце да му кажам дека ја презедов минатата година“, напиша Елба на Twitter.

И сопругата на Леџенд се пошегува на негова сметка, на Twitter напиша:

„Го исполнив мојот сон, спиев со најсексапилниот маж во светот. Тоа е голема чест“.

Коментирај