Филм & ТВ

Џони Деп непрепознатлив на снимањето на „Minamata“ во Белград

5. февруари 2019 - 19:35 | А.С.

Холивудскиот актер Џони Деп моментално се наоѓа во Белград каде се снима филмот „Minamata“ во кој ја игра главната улога на фоторепортерот Вилијам Јуџин Смит.

Интересот на јавноста за снимањето на филмот во главниот град на Србија е уште поголем бидејќи Деп е речиси непрепознатлив и ретко кое љубопитно око би го препознало на некој од сетовите.

Актерот наводно е презадоволен од тоа како се одвива снимањето, а тоа мислење го дели и остатокот од филмската екипа.

Деп се трансформираше за улогата на славниот фоторепортер кој ги сними фотографиите што сведочат за загадувањето во Втората светска војна што наруши здравјето на жителите на градот Минамата.

Коментирај