Филм & ТВ

Џони Деп снима во Белград, објавени ексклузивни фотографии од сет

11. февруари 2019 - 12:27 | А.С.

Покрај невидените мерки за обезбедување, фоторепортерите на „Večernjih novosti“ успеаја вчера да го фотографираат Џони Деп, еден од најпознатите актери на светот, додека трае снимањето на филмот „Minamata“ во Белград.

Вчера попладне се снимаа сцени на Косовска улица, каде се сместени редакцијата на „Večernjih Novosti“ и печатницата „Borba“. По тест снимањата и местењето на камерите со дублер, на сет дојде и Деп и тоа беше приликата за фоторепортерите.

Деп, кој е познат по неговите трансформации за ликови, се чини овојпат се надмина. Со долга седа брада и коса, очила со темни рамки, црна беретка на главата и со неколку килограми плус, славниот актер и миленик на жените беше речиси непрепознатлив.

Џони Деп е речиси идентичен со американскиот фотограф Јуџин Смит, ликот што го толкува во филмот на Ендру Левитас за аферата со труењето на населението во јапонскиот град Минамата во 1972 година што го откри Смит.

Снимањето ќе продолжи уште неколку дена во Белград, а потоа филмската екипа се сели во Црна Гора.

Фотографиите од снимањето може да ги видите на ОВОЈ ЛИНК.

Коментирај