Филм & ТВ

Џордан Пил повторно го изненади Холивуд: Хоророт „Us“ го покори бокс-офисот

25. март 2019 - 14:40 | Б.С.Б.

Новиот хорор филм на Џордан Пил ги надмина очекувањата на бокс-офисот минатиот викенд со заработка од 70 милиони долари. „Us“ е втор филм на режисерот и е уште еден заеднички хит со студиото Universal.

Пред 2 години филмот „Get Out“ беше голем успех на бокс-офисот со заработка од 255 милиони долари на светско ниво. Беше номиниран за 4 Оскари, а Пил доби Оскар за најдобро оригинално сценарио. Студиото Universal сега повторно го има вториот успех со Пил, а претходно имаше успех со премиерите на „How to Train Your Dragon: The Hidden“ и „World Glass“.

На второ место на бокс-офисот во Северна Америка се најде „Captain Marvel“. Премиерното прикажување на овој суперјеројски филм сè уште е број 1 на бокс-офисот. За викендов филмот заработи 35 милиони долари.

Ова е целосната листа:

1. Us – 70 милиони долари

2. Captain Marvel – 35

3. Wonder Park – 9

4. Five Feet Apart – 8,7

5. How to Train Your Dragon: The Hidden World – 6,5

6. A Madea Family Funeral – 4,5

7. Gloria Bell – 1,8

8. No Manches Frida 2 – 1,7

9. The Lego Movie 2: The Second Part – 1,1

10. Alita: Battle Angel – 1 милион долари.

Коментирај