Фудбал

Џорџо Кjелини: Бев навивач на Милан, ама пораснав и сега сум попаметен

12. ноември 2019 - 9:29 | М.С.

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кjелини, во разговор со навивачите истакна дека како дете навивал за еден од најголемите ривали на „Старата дама“, Милан.

„Бев навивач на Милан, но потоа го сменив мислењето. Станав попаметен откако пораснав. Паоло Малдини беше мојот омилен фудбалер. Имам брат близнак и тој е навивач на Јувентус, а јас навивав за Милан. Замислете колку беше среќен кога заминав да играм во Јувентус. Тогаш имав само 20 години“.

„Кога дојдов во Јуве, веднаш го засакав клубот и сега сум негов најголем навивач“, изјави Кjелини.

Тој додаде дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси се играчи од друга планета, но дека по нив двајца, омилен му е Златан Ибрахимовиќ.

„Тој има физичка сила, техника, харизма. Имав среќа што играв со него“, истакна фудбалерот на Јувентус.

Коментирај