Останати спортови
Џошуа ќе заработи рекордни 85 милиони долари од реваншот со Руиз
20. ноември 2019 - 18:54 | МИА/КАЈГАНА
Реваншот меѓу Енди Руиз Џуниор и Ентони Џошуа ќе биде особено профитабилен за Британецот во овој дуел.
Објавени се официјалните хонорари за двајцата боксери – Џошуа ќе добие 85 милиони долари, додека Мексиканецот 13 милиони.
Сега е јасно зошто Руиз толку долго преговараше околу договорот за реваншот.
Промотерот Еди Херн и неговиот Matchroom Boxing ќе ги зголемат своите банкарски сметки за 20 милиони долари.
Така, Светскиот шампион на WBA, IBF и WBO ќе добие 6,5 пати помал хонорар од својот претендент.
Ова ќе биде рекорден хонорар за Џошуа, а колку вкупно ќе тежи овој меч ќе чекаме да видиме, откако ќе бидат пресметани парите од PPV (pay-per-view).
Мечот ќе се одржи на полноќ меѓу 7 и 8 декември во Саудиска Арабија.
-->
-->
Коментирај