Филм & ТВ

Џуди Денч: Не можеме да го заборавиме тоа што го создадоа Кевин Спејси и Харви Вајнстин

25. јуни 2019 - 18:55 | А.С.

Дамата Џуди Денч ја сподели јавно тагата што се отфрла и негира делото на нејзините пријатели Харви Вајнстин и Кевин Спејси.

Иако јавно го осудува нивното однесување, Денч за Radio Times изјави дека е загрижена дека нивното дело ќе биде заборавено.

Денч не застанува во одбрана на Спејси и Вајнстин во однос на обвинувањата против нив за сексуално вознемирување, но упати критика за начинот на кој ги третираат, особено Спејси, чија изведба во филмот „All the Money in the World“ на Ридли Скот од 2017 година беше целосно избришана откако актерот ги сними сцените.

„Каква агонија е тоа?“, рече таа. „Дали ќе ги негираме десетте години во театарот Old Vic и сѐ што тој направи таму како уметнички директор? Колку беше прекрасен во сите тие филмови? Дали едноставно нема да ги гледаме сите филмови во кои Харви беше продуцент? Не можете да негирате нечиј талент. Тоа е исто како да не погледнете никогаш повеќе во слика на Караваџо (бил убиец). Исто како да не гледате нешто што направил Ноел Кауард (обвинет за предаторско однесување).“

Денч вели дека голем дел од нејзиниот успех му го должи на Вајнстин. Спејси, кој беше ѕвезда на популарната серија „House of Cards“, ѝ бил голема утеха по смртта на нејзиниот сопруг Мајкл Вилијамс во 2001 година.

Таа беше една од првите славни личности кои јавно го критикуваа Вајнстин откако неколку жени излегоа со обвиненија против него, велејќи дека е „ужасната“ од таквото наводно однесување.

Коментирај