Хардвер

Ѕвер од телевизор: Дијагонала од 3,7 метри

10. јануари 2018 - 9:31 | А.С.

Филмофилите наскоро ќе може да нарачат модуларен телевизор, направен по мерка на собата. Samsung  во Лас Вегас го прикажа моделот со дијаметар од 3,7 метри, но не кажа колку ќе чини.

The Wall е „ѕвер од телевизор“ со дијагонала од 3,7 метри, а корејскиот гигант вели дека овој 4К уред е првиот модуларен телевизор на светот.

За прикажување на сликата, екранот користи MicroLED технологија што е слична на OLED, односно секој пиксел емитува свое светло и не му е потребно дополнително позадинско осветлување.

Поради тоа телевизорот има богати бои и длабока црна боја каква што доловуваат скапите OLED телевизори.

Бидејќи околу екранот нема рамка, тоа овозможува да се прилагоди големината според потребите, но Samsung не откри како ќе функционира тоа во пракса.

Купувачите би имале можност да имаат телевиор колку целиот ѕид, а по желба да го намалат. Исто така не беше откриено од колку модули е составен овој „ѕвер“ што треба официјално да биде лансиран напролет кога исто така ќе ја дознаеме цената.

Коментирај