Авто новости

„Ѕверка“ и на струја: Електричниот Porsche Macan ќе има 700 коњски сили

14. октомври 2019 - 19:00 | А.С.

По електричниот првенец Taycan, Porsche го подготвува својот нов модел на струја.

Германскиот производител потврди дека SUV Macan ќе добие своја електрична верзија, но официјално не објави повеќе детали за ова возило.

Во меѓувреме, Autocar дознава дека овој автомобил ќе се произведува и продава парелелно со другите веерзии на Macan кои имаат мотори со внатрешно согорување.

Имено, во Porsche сметаат дека не се сите нивни купувачи подготвени да се преориентираат на електрични автомобили, па затоа ќе им понудат да бираат која верзија ја сакаат.

Macan на електричен погон ќе ја користи истата механичка платформа како и Porsche Taycan, но прилагодена за SUV возила.

Иако користи електромотори, Macan на струја, исто како и Taycan, ќе има т.н. „турбо“ варијанти - Turbo и Turbo S, а најмоќната верзија ќе располага со околу 700 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.000 Nm.

Погонот ќе биде на сите четири тркала, со два електрични мотори, од кои секој придвижува по една осовина.

Моќната „ѕверка“ на струја Porsche Macan се очекува да стигне во 2020 година.

Коментирај