Авто новости

Ѕверка од 1.500 коњски сили за 110 години Bugatti

8. февруари 2019 - 16:27 | А.С.

Славната француска автомобилска компанија Bugatti го претстави „ѕверот“ Chiron Sport по повод својот 110. роденден.

По повод роденденот, за само 20 најсреќни (најбрзи) купувачи компанијата го подготви специјалното издание на моделот Chiron Sport што го карактеризираат неколку каросериски елементи во боите на француското знаме.

Во стандардната опрема на славеничкото издание на Bugatti е дводелниот стаклен покрив, а за карбонската каросерија беше избрана мат темносина боја.

Карактеристичната двобојна комбинација на каросеријата ја нема овојпат, а боите на француското знаме се најдоа на куќиштата на ретровизорите, долниот дел на адаптивниот заден спојлер, на капачето за резервоарот за гориво, на седиштата...

Автомобилот има осумлитарски W16 мотор кој заедно со четиритурбополначи развива моќност од 1.500 коњски сили и најголем вртежен момент од 1.600 Nm.

„Чудовиштето“ на Bugatti постигнува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,4 секунди и развива електронски ограничена максимална брзина од 420 км/ч.

Коментирај