Диего Марадона имаше спектакуларно претставување на стадионот на Гимнасија во Ла Плата.
Легендарниот Диего стана новиот тренер на аргентинскиот клуб Гимнасија, а на трибините на Хуан Кармело Зериљо немаше ниту едно слободно место.
Повеќе од 300.000 навивачи дојдоа на претставувањето на Марадона.
Навивачите го пречекаа со огномет и специјалната кореографија, а Диего едвај се воздржа да не заплаче.
Ова е за Марадона седми тренерски ангажман. Тренерската кариера ја започна во екипата Текстил Мандију во 1994 година, а потоа беше тренер на репрезентацијата на Аргентина, клубот Дорадос и други.