East Gate Living – зелена оаза на идеална локација

East Gate Living е новото срце на Скопје што ќе понуди нов модерен концепт на домување во главниот град. Овој современ проект, кој е дел од повеќенаменскиот современ центар на источната страна од градот, е веќе во изградба и прераснува во едно од најбараните места за живеење во државата. Урбаното живеење со себе носи предизвици за кои East Gate Living нуди совршени решенија.

Лоциран е на 3 минути до парк-шумата Гази Баба, еден од позначајните паркови во градот Скопје. Овој зелен простор се простира на околу 100 хектари површина со тревни површини и различни видови дрвја што се насадени уште во педесеттите години. Тој е прогласен за заштитено подрачје според Законот за заштита на природните реткости. Парк-шумата Гази Баба претставува голем зелен остров во урбаното ткиво на Скопје и е опремен со објекти за рекреација, пешачки патеки, видиковци, клупи и маси за одмор и пикник.

Токму близината на East Gate Living до парк-шумата и новиот трговски центар East Gate Mall го прави овој модерен комплекс на домување најпосакуван на пазарот, при што по самото лансирање на проектот веќе се продадени над 50 станови. Поставеноста на резиденцијалните згради е планскa за да се овозможи проток на воздух и светлина. Зеленилото што ги опкружува зградите на новите жители на East Gate Living ќе им овозможи модерно и активно живеење. Лоциран на само 5 минути од центарот на Скопје, East Gate Living претставува зелена урбана оаза во градот.

Новиот East Gate Mall, чие отворање е најавено наскоро, ќе претставува најголем центар за забава, шопинг и култура во регионот. Резиденцијалниот комплекс во негова близина ќе ги има на располагање многубројните можности за активности на сите генерации.

Жителите на East Gate Living ќе имаат можност да живеат нов, модерен и динамичен стил на живот со користење на природните придобивки во окружувањето: парк-шума, сопствено зеленило и паркови со детски игралишта. Конечно, жителите на Скопје добиваат плански развиен комплекс со повеќенаменска употреба за резиденцијално домување, мол со 250 продавници и пет бизнис-центри.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе
  • filter

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе