Easy Jet ќе отпушти околу 4.500 работници поради пандемијата со COVID-19

Британската нискобуџетна авиокомпанија Easy Jet во втората половина од годината ќе лета со 30% намален капацитет и со самото тоа ќе укине околу 4.500 работни места и ќе го намали бројот на авиони поради пандемијата на новиот коронавирус.

BBC пишува дека авиокомпанијата на почетокот на годината имала 150.000 вработени во осум европски земји.

Во втората половина од годината ќе летаат со околу 30 проценти од вкупниот капацитет, т.е со 302 авиона што е 51 авион помалку од планираната цел на компанијата.

Од компанијата истакнаа дека продолжуваат со преговорите за да ги продадат авионите со цел да набават дополнителни средства. Проценката е дека со продажбата може да заработат помеѓу 500 и 650 милиони фунти.

Помеѓу најпогодените од корона-кризата се авиокомпаниите. Ryanair, British Airways и Virgin Atlantic уште во април најавија дека ќе го намалат бројот на вработени за вкупно 18.000.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе