ЕБРД и Шпаркасе Банка АД Скопје со поддршка на мали бизниси во Северна Македонија

Нова кредитна линија од 23 милиони евра за кредитирање на локалните мали и средни претпријатија и за зелени инвестиции:

  • Нова кредитна линија од 23 милиони евра од ЕБРД за Шпаркасе банка АД Скопје во Северна Македонија
  • Финансиски средства за кредитирање на мали, локални бизниси
  • 30% од кредитната линија за финансирање на зелени инвестиции

Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) со поддршка на зелената економија во Северна Македонија со обезбедување заем од 23 милиони евра за Шпаркасе банка АД Скопје (ШБС) за кредитирање на локални микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Заемот ќе овозможи ШБС да го зголеми кредитирањето на ММСП со фокус на регионалните и руралните претпријатија. 30% од кредитната линија ќе биде насочена за инвестиции кои ќе им помогнат на малите бизниси да ја подобрат енергетската ефикасност, или да произведуваат и да се префрлат на обновлива енергија.

ММСП сочинуваат повеќе од 90% од сите претпријатија во Северна Македонија и се клучни не само за раст на економијата на земјата, туку и за нејзината транзиција кон зелената економија. Затоа е клучно да им се обезбеди пристап до финансиски средства за остварување на оваа транзиција и раст.

Анди Аранитаси, Директор на ЕБРД во Северна Македонија, истакна: „Со задоволство изјавуваме дека заедно со нашиот долгогодишен партнер, Шпаркасе Банка АД Скопје, можеме да обезбедиме дополнителна поддршка на МСП за инвестирање во конкурентноста на нивните бизниси, како и мерки кои ќе ја подобрат нивната енергетска ефикасност и ќе го намалат нивото на јаглероден отпечаток. Зајакнувањето на секторот на МСП и инвестирањето во зелена економија се наши клучни приоритети во Северна Македонија и овие нови фондови ќе ни помогнат во постигнување на овие две цели“.

Санел Кустурица, Претседател на Управниот одбор на ШБС, истакна: „Денес, Шпаркасе Банка АД Скопје уште повеќе го зајакна долгогодишното партнерство со ЕБРД, потпишувајќи договор за долгорочно финансирање во износ од 23 милиони евра. Со оваа кредитна линија, ШБС ќе ја зајакне поддршката на микро, мали и средни претпријатија во финансирањето на одржливи проекти и инвестиции поврзани со обновлива енергија. Остануваме со силна поддршка на македонската економија и заедно со нашите клиенти, посветени сме на надминување и максимално намалување на негативните ефекти од енергетската криза“.

Шпаркасе Банка АД Скопје (ШБС) е призната глобална комерцијална банка и четврта по големина банка во Северна Македонија, со 12,0% пазарен удел во вкупната актива. ШБС е системски значајна банка во земјата, според критериумите на Народна Банка на Северна Македонија.

ЕБРД е еден од водечките институционални инвеститори во Северна Македонија. До денес, има инвестирано повеќе од 2,4 милијарди евра во 1.565 проекти во различни сектори на економијата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе