ЕБУ му забрани на Зеленски да се обрати на Евровизија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доби забрана да испрати видео-порака на финалето на Изборот за песна на Евровизија, чиј домаќин годинава во име на Украина е Обединетото Кралство, пренесува Euronews.

Зеленски изрази желба да сними видео-порака за натпреварувачите и за глобалната публика од 200 милиони луѓе за време на финалето на изборот, кое ќе се одржи в сабота во Ливерпул.

Организаторите на настанот велат дека постојат правила за да се задржи политиката надвор од натпреварот во пеење.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го продуцира настанот, рече дека го одбила барањето на украинскиот претседател да ѝ се обрати на публиката иако ја забележала неговата „намера за пофалба“.

„Натпреварот за песна на Евровизија е меѓународно забавно шоу и е раководено од строги правила и принципи, кои се воспоставени од неговото создавање. Еден од темелите на натпреварот е неполитичката природа на настанот. Овој принцип ја забранува можноста за давање политички или слични изјави“, се вели во соопштението од ЕБУ.

Одлуката на ЕБУ наиде на критики во некои кругови, кои тврдат дека од морален аспект на Украина мора да ѝ се даде можност да зборува против руската агресија.

Видео-пораките на Зеленски на популарни настани и претходно предизвикаа контроверзии. Така, група италијански политичари сметаа дека говорот на Зеленски при неговото обраќање на музичкиот фестивал во Сан Ремо бил премногу политички.

URL

Во услови на наплив на јавна поддршка од гласачите во Европа, украинската рап-група „Калуш“ победи на натпреварот минатата година, но Украина не можеше да биде домаќин на Евровизија поради руската инвазија, па организацијата ја презеде Обединетото Кралство, кое лани заврши на второто место.

Инсајдери од BBC, кои помогна да се организира настанот во Ливерпул, изјавиле претходно за The Times дека во тек се тешки и деликатни преговори во врска со барањето на Зеленски поради стравувањата на организаторите на Евровизија од последиците од одбивањето на барањето.

Во текот на изминатата година Зеленски побара да се обрати - и беше експресно одбиен - на многубројни меѓународни настани.

Оскарите го одбија во двата наврата истакнувајќи дека неговото обраќање ќе ги направи наградите несоодветно политички.

Филмскиот фестивал во Торонто во Канада го одби во септември минатата година, а ФИФА го одби барањето на Зеленски за обраќање на финалето на Светското првенство во Катар во декември.

„Навистина штета. Тој ќе им беше достојна конкуренција на учесниците на Евровизија годинава“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја одлуката на ЕБУ.

Захарова очигледно алудира на претходната кариера на Зеленски како комичар, кој понекогаш настапувал облечен како транссексуалец, а во една пригода се преправал дека свири пијано со половиот орган.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе