Британската мултинационлана компанија The Economist ќе го намали бројот на вработени за 7 проценти на светско ниво, поради што 1.300 луѓе ќе ги изгубат работните места, како последица на епидемијата со новиот коронавирусот.
Поради влијанието на пандемијата на пазарот на печатени медиуми The Economist одлучи списанието за култура „1843“ во иднина да излегува само во дигитален формат.
Со отпуштањето нема да биде засегнати уредниците на The Economist, а најголемиот број на откази ќе бидат поделени во маркетиншката агенција TVC, што е дел од медиумската групација.
Како дополнителни мерки во процесот на заштеда, извршната директорка Лара Боро, главниот и одговорен уредник Зани Минтон Бидојс и раководниот тим, како и одборот доброволно прифатија намалување на платите.