Economist: Путин може да се мери со НАТО

Она што би требало да ја загрижува Европската Унија повеќе од нуклеарното оружје е конвенционалната сила која Русија ја развива на Балтикот, пишува англискиот Economist.

Како што наведува магазинот, Путин со години зборуваше дека Русија произведува нуклеарно оружје кое не може да биде детектирано ниту надминато и со тоа ги доби насловните страни кои ги посакуваше, иако нема ништо ново во тоа дека Русија може да го уништи САД со нуклеарно оружје а и нема никакви показатели дека ќе се промени нешто во таа состојба.

Меѓутоа, она што треба да го загрижува НАТО е фактот што Русија има поголемо влијание на територијата на Источна Европа и се развива во огромна сила која сега има локална супериорност во однос на НАТО во случај на било каква војна или вооружен судир во овие граници.

Силите на НАТО, доколку се обединети, би биле пресилни за Русија да се избори за победа во евентуалниот воен судир. Но, во раните стази на судирот, во првите месец или два, Русија би можела не само да се одбрани, туку и да нанесе штета на Алијансата.

Во последните неколку години НАТО и Русија работеа на сосем спротивни политики и шеми, па затоа сега состојбите на теренот се многу различни. Членките на НАТО се опремија за операции и спречување на напади на бунтови во земји како што е Авганистан, додека Русија за тоа време се спремаше за обновување на мобилните сили и напади со огнено оружје за брзи и снажни удари на противниците. Во склоп на овие подобрувања кои ги направи Русија се вбројува и брзата консолидација по слабиот учинок во војната во Грузија во 2008 година, по која Владимир Путин ја наоружа руската војска со тешко наоружување и ја прати на усовршување на чести и напорни воени вежби во Украина и Сирија.

Она што треба да ги загрижува членките на НАТО е големата воена моќ која Русија може да ја мобилизира скоро преку ноќ во балтичкиот регион. Според наодите на RAND, доколку би дошло до тенковска борба, Русија може бројчано да го надмине НАТО во однос 5,9 према 1, додека во однос на пешадија е надмоќна во однос 4,6 према 1, додека соодносот во ракетното наоружување е 270 према 0 во корист на Русија. И додека НАТО би имале предност во авионските сили, тие би биле скоро бескорисни против најдобрите противавионски штитови на Русија.

Предностите на Русија се и во инфраструктурата, бидејќи тие можат да користат интерни линии на сообраќај за побрзо да ја зголемат нивната сила на дадена локација. Од друга страна, НАТО не сочува ниту една транспортна инфраструктура од времето на Студената војна, мостовите не можат да ја поднесат тежината на тенковите, а пругите не се наменети за возови кои носат тешко наоружување.

НАТО има многу можности да ја подобри воената заштита и наоружување, но прашањето е дали Алијансата ќе се фокусира на тоа. Членките на НАТО од јужна Европа се грижат премногу за приливот на мигранти, Франција се бори против бунтот во Сахел, германската нова влада не го смета вооружувањето како приоритет, додека приоритетите на Русија и Владимир Путин се многу јасни – да се стане сила број 1 во светот, пишува Economist.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе