Популарниот британски пејач Ед Ширан е заразен со коронавирусот, поради што ќе продолжи да се дружи со фановите преку виртуелни платформи.
Ширан ѝ се обрати на јавноста со објава на Instagram, извинувајќи се што мораше да ги откаже настапите во живо.
„За жал, позитивен сум на коронавирусот и моментално сум во самоизолација. Сите мои интервјуа и настапи ќе ги правам од дома“, напиша пејачот.
Покрај редовните настапи, Ширан беше принуден да го пропушти гостувањето во Saturday Night Live (SNL). Засега не се знае дали целосно ќе го откаже или и овој ангажман ќе го сработи од дома.
Британецот во периодот што следува требаше да го промовира четвртиот студиски албум „=", кој ќе го објави на 29-ти месецов. Како најава за овој албум, неодамна ја објави песната „Visiting Hours“, со која беше претставен придружниот спот.