Ед Ширан игра на снег и спасува мачка во новиот спот за песната „Perfect“
Англискиот пејач и текстописец Ед Ширан го претстави официјалниот спот за љубовната балада „Perfect“.
Видеото било снимено во австриската скијачка област Hintertux, а Ширан е снимен како доаѓа во скијачката куќичка каде здогледува преубава жена.
Во спотот гледаме како пејачот свири на акустична гитара, вечерта завршува со танц, прегратки и љубов, а целата нежност и топлина ја отсликува и едно маче.