Ед Ширан стана татко, сопругата Шери роди ќерка

Ед Ширан и неговата сопруга Шери Сиборн ја соопштија радосната вест дека им се родило првото дете – ќерка на која ѝ дадоа име Лира Антарктика Сиборн Шеран.

Пејачот рече дека се „на седмо небо“ откако им се родила ќерката минатата недела.

Ширан се огласи на Instagram за првпат од декември наваму за да ја сподели радосната вест и да се заблагодари на „одличниот породилен тим“.

„Потполно сме заљубени во неа. Мама и бебето се супер. Се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност во овој период“, додаде тој.

Ширан исто така преку Instagram им соопшти на обожавателите дека ја запросил Шери во јануари 2018 година, а една година подоцна направија интимна свадба со 40-тина гости.

Двајцата се запознале уште кога биле средношколци, но почнаа да се забавуваат дури во 2015 година, а речиси цела 2016 година ја поминаа во патување додека тој правеше пауза од музиката. Шери е хокејарска ѕвезда и играше во тимот на Англија што го освои Европското првенство во 2012 година.

Во 2017 година Ширан изјави дека конечно имал шанса да се заљуби, откако направил пауза од музиката. Тој тогаш додаде дека е подготвен и да почне семејство.

Во август, 2018 година Ширан објави дека „се пензионира“ на само 28 години, откако заработи милиони.

Тагови
реклама

Музика

Македонија оди на Евровизија 2021, но дали со Васил?

Read more

Адел со духовит коментар за слабеењето: Ова е половината од мене што ја избрав

Read more

7 милиони прегледи за 8 часа: Слушнете ја новата песна на Аријана Гранде

Read more

Почина гитаристот Еди ван Хејлен

Read more

Сцена

  • filter

Мемиња во кои ќе се пронајдат вистинските фанови на „Friends“

Читај повеќе
  • play_arrow

„The Mandalorian“ доби искрен трејлер

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија оди на Евровизија 2021, но дали со Васил?

Читај повеќе

Ново ДВД со пет македонски дигитално реставрирани филмови

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлерот за „The Midnight Sky“ со Џорџ Клуни во главната улога

Читај повеќе
  • play_arrow

10 најстрашни сцени од серии на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Адел со духовит коментар за слабеењето: Ова е половината од мене што ја избрав

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „Mean Girls“

Читај повеќе