Еден човек е убиен, додека тројца се повредени во напад на железничка станица во близина на Минхен, Германија, пренесува Independent. Луѓето биле нападнати од непознат маж кој со нож им се заканувал и извикувал „Алаху Акбар“.
Осомничениот извикал „Алаху Акбар“ („Господ е голем“) и почнал со нож да ги боде патниците во гратчето Графинг, во близина на Минхен, пренесува германскиот весник Süddeutsche Zeitung. Нападот се случил утрово околу 4.50 часот, а осомничениот бил уапсен по кратко време. Според германскиот медиум, четворица се тешко ранети, од кои еден е во критична состојба.
Полицијата продолжува со истрагата, испитувајќи ги сведоците за деталите на нападот и дали е вистина дека напаѓачот извикал „Алаху Акбар“.