Еден починат од компликации од грип, регистрирани 975 заболени

Скопје, 28 март 2019 (МИА) – Во текот на изминатата недела е регистриран еден смртен случај од компликации од грип. Станува збор за 63-годишен пациент од Кавадарци, кој имал срцеви заболувања и починал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Вкупниот број починати од грип сезонава изнесува 23 и ниту еден од нив не бил вакциниран, изјави денеска епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 975 заболени, што е за 38 отсто помалку од неделата пред неа. Од вкупниот број починати, двајца се од Кавадарци, двајца од Кичево, а повеќе од 50 отсто од останатите се од Скопје.

– Се движиме на крајот од сезонава и очекувано се намалува бројот на заболените. Малку неочекувано и бавно се намалува бројот на позитивните докажани причинители на грипот кои се докажуваат во ИЈЗ. Тој процент се уште се движи околу 45. Очекуваме во наредните недели да се намалува. Се уште доминира инфлуенца А H1 поттипот во однос на H3N2, но како и во останатиот дел од Европа регистрираме мало сосема лесно зголемување и приближување на инфлуенца H3N2 поттипот во однос на процентуалната застапеност, рече д-р Кузмановска.

Во врска со тоа што им се препорачува на граѓаните, рече дека за да се заштитат од грип тие треба да се вакцинираат, а особено лицата со коморбидитети, со нарушена здравствена состојба од други заболувања.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе