Еден повреден и 10 затруени од чад при пожар во стан во Тетово

Тетово, 14 декември 2019 (МИА) – Еден маж потешко повреден со изгореници од четврт степен, а 10 лица затруени од чад се последиците од пожарот што се случи денеска околу 11:00 часот во еден стан во зграда на улицата „Димо Гавровски Кара“ во Тетово.

Тешко повредениот  е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

– Од Брза помош ни донесоа 11 лица. Во одделот хирурки болести е доставен пациент со тешка општа состојба со изгореници од 4-те степен по што веднаш е префрлен со возило од Клиничка болница Тетово со реаниматолог и техничар до ургентен центар на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Во интерно одделение се примени шест жени и четворица мажи со инхалаторно труење од чадот, во лесна состојба. После симптоматска терапија и опсервација пуштени на домашно лекување, изјави д-р Бобан Вучески дежурен лекар во интерниот оддел при Клиничка болница Тетово.

Според сведочењата на станарите пред пожарот се слушнала силна екплозија за која сметаат дека е од плинска боца.

– Мажот излезе да види што се случи, како лифтот да падна, удри еден чад, црнила. Побегнавме назад. Викаше човекот од станот, ние не го познаваме, целиот изгорен. Се чудевме што се случи, страшна работа. Видовме дека е плинска боца, ја испуштија. Алал да им е на пожарникарите, како реагираа, рече една од станарките.

Од тетовската пожарникарска единица информираат дека интервенирале со 10 пожарникари и три возила.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе