Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“, потврди МВР.

Убиениот е 29-годишен скопјанец кој заедно со уште едно лице на 19-годишна возраст, исто така од Скопје, биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош 29-годишникот кој бил примен во тешка состојба им подлегнал на повредите.
„На 26.05.2024 околу 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Никола Карев“ во Скопје имало пукање“, информираат од МВР.
„Во 23:45 часот, од Градската општа болница 'Св. Наум Охридски' било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А. (24) од Скопје. Во 23:51 часот, од Комплексот клиники 'Мајка Тереза' било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б. (19) и А.И. (29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 0:45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“.