Живот

Еден во 27.000 – Дилан е најубав на светот

14. март 2019 - 19:20 | А.С.

Џуџестиот континентален шпаниел Дилан победи на изборот за најубаво куче на светот за 2019 година.

Околу 27.000 кучиња се пријавија на изборот за убавина чие финале се одржа во Бирмингем.

Се натпреваруваа повеќе од 200 раси, а малиот убавец ја однесе победата.

Тој победи во финалето во кое влегоа уште шест други кучиња.

„Преубав е и има сѐ што треба да има едно куче“, рече судијата Ден Ериксон.

Коментирај