Четириесет и осумгодишен кумановец починал вчера, а две лица се повредени, откако додека влегувале во возило на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во нив удрил автомобил управуван од 70-годишен кумановец.
Од МВР известуваат дека на 28.07.2021 околу 13:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(70) од Куманово, удрило во паркирано патничко возило „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото.
По незгодата тројцата биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди, а А.Х. им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово