Хроника

Еден загинат во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село

18. мај 2019 - 16:52 | МИА
Струмица, 18 мај 2019 (МИА) – Едно лице на 61- одишна возраст од село Босилово загина во сообраќајната несреќа што се случи претпладне во 10:40 часот на патот Струмица-Ново Село, пред влезот во Босилово.

Според првичните информации, автомобилот марка „фиат браво“ од засега непознати причини излетал од патот и се забил во дрва покрај коловозот, а возачот починал на местото на несреќата.

Од силината на ударот автомобилот е целосно уништен, а во извлекувањето на починатиот возач учествувале шест пожарникари со специјална хидраулична алатка.

Коментирај