Хроника
Еден загинат во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село
18. мај 2019 - 16:52 | МИА
Струмица, 18 мај 2019 (МИА) – Едно лице на 61- одишна возраст од село Босилово загина во сообраќајната несреќа што се случи претпладне во 10:40 часот на патот Струмица-Ново Село, пред влезот во Босилово.
Според првичните информации, автомобилот марка „фиат браво“ од засега непознати причини излетал од патот и се забил во дрва покрај коловозот, а возачот починал на местото на несреќата.
Од силината на ударот автомобилот е целосно уништен, а во извлекувањето на починатиот возач учествувале шест пожарникари со специјална хидраулична алатка.
-->
-->
Коментирај