Единствен освен Земјата има море, езера и дожд: Сателитот на Сатурн и натаму интригира

Титан е вториот по големина сателит во Сончевиот Систем, има дијаметар од 5.150 километри и е поголем од планетата Меркур, а единствен е и по тоа што на него се одвива циркулација на течности во природата.

Големата база на податоци собрана во текот на 13-годишното истражување на планетарниот систем на Сатурн, за време на мисијата на вселенското летало Cassini на НАСА, кое ја истражуваше планетата и нејзините сателити во периодот од 2004 до 2017 година, беше анализирана 7 години подоцна.

Дел од истражувачката мисија, која заврши со падот на Cassini на површината на Сатурн, беше најголемата месечина на таа планета и втората по големина месечина во Сончевиот Систем - Титан.

Cassini на Земјата донесе нови податоци за морињата од течни јаглеводороди кои постојат на површината на Титан, поради што Месечината постојано го привлекува вниманието на научниците кои бараат живот надвор од Земјата, пишува Reuters.

Освен Земјата, Титан е единственото познато небесно тело со течни мориња на неговата површина. Станува збор за големи, пространи течни маси на азот и органски соединенија на метан и етан, кои се компоненти на природниот гас.

Три такви мориња, лоцирани во близина на северниот пол на Титан, беа во фокусот на истражувањето: најголемото, кое зафаќа површина со големина на Каспиското Море - Кракен Маре, потоа второто по големина - Лигеја Маре, со површина слична на Големото Езера во Северна Америка и - Пунга Маре, со големина на езерото Викторија во Африка.

Овие мориња се богати со метан, а нивниот хемиски состав варира во зависност од нивната географска ширина.

НАСА го документира обемот и ширењето на брановите на површината на морињата. Ова откритие им укажува на експертите за проширување на морињата - „Плимна“ струја, која се засилува во близина на сливот на други потоци (слично на сливот на реките во морињата).

По Ганимед на Јупитер, Титан е вториот по големина сателит во Сончевиот Систем. Има пречник од 5.150 километри и е поголем од планетата Меркур.

А освен морињата, другата сличност на Титан со Земјата е тоа што тие се единствените две небесни тела во Сончевиот Систем каде течност од облаците паѓа на површината, продолжува да тече како река и на крајот се влева во морињата и езерата на површината. Течноста потоа испарува назад во атмосферата, каде што повторно започнува хидролошкиот процес, односно циркулација на течноста во природата.

Компарација на големината на Титан (долу лево) со Месечината (горе лево) и Земјата (десно)
Тагови
реклама

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Вести

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Read more

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Read more

Во Англија откриено огромно складиште од железното време кое може да го промени разбирањето на историјата

Read more

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

Read more
 

Гик

Гумите за џвакање испуштаат стотици честички микропластика во устата

Читај повеќе

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Читај повеќе

Папуа Нова Гвинеја го блокираше пристапот до Facebook поради лажни вести и порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Indiana Jones and the Great Circle во април доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во Англија откриено огромно складиште од железното време кое може да го промени разбирањето на историјата

Читај повеќе

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

Читај повеќе

Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе во светот

Читај повеќе

Италија се откажа од Starlink поради Маск

Читај повеќе