ГИНИСОВ РЕКОРД

Единствените девет близнаци од едно раѓање го прославија првиот роденден

Деветте близнаци кои пред една година ги роди Халима Сисе го прославија својот прв роденден.

„Сега сите лазат. Некои седат и можат да одат ако се држат до нешто“, изјави татко им Абделкадер Арби за BBC.

„Понекогаш е дури и заморно, но кога ќе ги погледнете сите тие бебиња во совршено здравје, чувствувате олеснување. Забораваме на сè “, вели нивната 26-годишна мајка, која признава дека не е лесно да се грижиш за толку многу бебиња, но се надева дека ќе им биде полесно кога ќе пораснат.

Бебињата го соборија Гинисовиот рекорд за најголем број родени и преживеани деца. Во пресрет на  породувањето, владата на Мали ја транспортира Халима во Мароко на специјализирана нега.

Таа ги роди бебињата во 30-тата недела од беременоста, со царски рез. Две од момчињата ги добија имињата Мохамед и Бах, по претседателот на Мали и кралот на Мароко. Родителите решиле да го направат тоа за да им се заблагодарат на властите на земјите кои им помогнале бебињата безбедно да дојдат на свет. Другите две момчиња се викаат Елхаџи и Оумар, додека на девојчињата им се дадени имињата Хава, Адама, Фатума, Оуму и Кадидија.

Неколку месеци подоцна, се појави вест дека една жена, по име Госијаме Ситоле, родила десет бебиња во Јужна Африка. Но, подоцна се дозна дека тоа не е вистина, и дека таа воопшто не е бремена, па 37-годишната жена беше задржана на опсервација во психијатриска установа. Не се познати причините зошто ја измислила оваа приказна.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе