Една добра причина зошто не треба да спиете со мокра коса

Доколку доцна ја миете косата и мислите дека не е потребно да ја сушите пред спиење и дека е одличен начин да се разладите за време на летните горештини, всушност тоа не е најдобрата идеја.

Имено, експертите за коса од Faith In Future тврдат дека нема да настинете и покрај некои верувања, но дека спиењето со мокра коса може да биде штетно.

„Нашата коса е многу послаба кога е влажна отколку кога е сува, што може да предизвика цела низа различни проблеми. Влажната или мокра коса е совршено место за размножување на бактерии и габи“, велат тие.

Иако можеби нема да ги видите резултатите веднаш, може да стане проблем ако одново и одново одите в кревет со влажна коса. Дерматитис или првут предизвикан од таканаречената маласезија габа - се две состојби кои можат да се појават ако спиете со влажна или мокра коса.

Во најлош случај, може да предизвика прекумерно опаѓање на косата, црвени чешачки точки на скалпот, па дури и губење на косата. Експертите го свртеа вниманието и на лишајот на скалпот предизвикан од габи и фоликулитис, бактериска инфекција која може да предизвика појава на акни полни со гној околу фоликулите на косата.

„Спиењето со влажна коса, исто така, може да предизвика проблеми со кожата, како што се акни, на лицето и грбот. Кога спиете со влажна коса, вашата перница исто така може да апсорбира многу природни масла од вашата коса додека се суши. Како резултат на тоа, вашата коса може да изгледа без сјај и да се чувствуваме дехидрирано. Кога нашата коса е дехидрирана, таа е изложена на уште поголем ризик од кршење“, објаснуваат тие.

Ако сè уште сакате да спиете со мокра коса и покрај овие ризици, постојат неколку трикови со кои можете да се обидете да ја ограничите штетата.

Ова вклучува оставање на регенератор во косата преку ноќ за да ја одржува влажна, притоа спречувајќи каква било штета предизвикана од сушење или губење на природното масло. Експертите исто така предлагаат да користите свилена навлака за перница, која може да помогне да се намали триењето што го поттикнува кршењето на косата.

„Како општо правило, дерматолозите советуваат да ја менувате навлаката за перница барем еднаш неделно, но ако одите в кревет со мокра коса, размислете за тоа доколку го правите секоја вечер“, велат тие.

Кога перниците ќе станат влажни од влажна коса, тие можат да станат идеална почва за бактерии, кои можат да имаат негативни ефекти врз кожата и да предизвикаат акни. За оние со подолга коса, најдобро е пред спиење целосно да ја исушат.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Колку долго треба да трае дремката?

Read more

Здравје

8 природни начини за подобрување на циркулацијата

Read more

Симптом на рак на желудникот кој повеќето луѓе го игнорираат

Read more

Што треба да јадете секој ден за побрз метаболизам?

Read more

Кардиолог предупредува на тивок срцев удар: Суптилни знаци на кои треба да се внимава

Read more
 

Магазин

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Читај повеќе

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Читај повеќе

Колку долго треба да трае дремката?

Читај повеќе

8 природни начини за подобрување на циркулацијата

Читај повеќе

Симптом на рак на желудникот кој повеќето луѓе го игнорираат

Читај повеќе
  • filter

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пица ролнички со ајвар

Читај повеќе

Што треба да јадете секој ден за побрз метаболизам?

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ги ставате во микробранова

Читај повеќе