Нема ниту трага, ниту глас

Една година од исчезнувањето на струмичанката Марија Брзакова

Една година трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезна лани на 18 јануари, во утринските часови.

Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена предистражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде.

Од Обвинителството информираа дека се разгледуваат повеќе можности на случајот – дали младата мајка навистина е исчезната, можност од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и насилна смрт.

Досега се разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за нејзиното исчезнување.

Таа подолго време е на листата на исчезнати лица на МВР, а интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица се уште има флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на коишто може да се обратат граѓаните.

Лани, неколку денови по нејзиното исчезнување, стотина ловци и граѓани, во координација со полицијата, ја бараа Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Моноспитовското блато.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна на 18 јануари лани. Според информациите од блиските била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ.

Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријави нејзиниот сопруг.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе