Една навика може да предизвика најмалку седум видови на рак

Кога станува збор за намалување на ризикот од рак, често размислуваме за фактори како што се исхраната, генетиката или изложувањето на сонце.

Сепак, многу луѓе не сфаќаат дека една вообичаена навика, која многумина ја практикуваат, може значително да го зголеми ризикот од развој на рак. Според експертите, оваа активност е поврзана со најмалку седум различни видови на рак, што го прави еден од најголемите предизвици во борбата за поздрав живот.

„Прекумерното консумирање алкохол дури седум пати го зголемува ризикот од разни видови рак“, предупредува хепатологот и истражувач д-р Бубу Банини.

Најчестите видови на рак поврзани со висок внес на алкохол вклучуваат рак на црниот дроб, рак на хранопроводот, усната шуплина и рак на грлото, колоректален карцином, рак на панкреасот и рак на дојка.

Според Американското здружение за рак, алкохолот предизвикува шест проценти од сите случаи на рак и четири проценти од смртните случаи поврзани со рак. Тоа значи дека во група од 100 луѓе, шест од нив заболуваат од рак поради алкохол.

Раната дијагноза значително ги зголемува шансите за успешен третман

Алкохолот придонесува за развој на рак со тоа што ги оштетува клетките и ги менува хормоните. Етанолот, клучната состојка на алкохолот, се разградува во канцерогената хемикалија ацеталдехид, која ја оштетува ДНК и ја попречува нормалната функција на клетките. Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) објаснуваат дека оштетените клетки можат неконтролирано да растат, што може да доведе до рак.

„Иако е во ред да се испие еден пијалок, не постои безбедно ниво на консумирање алкохол“, вели д-р Банини. Луѓето со генетски предиспозиции или хронични заболувања се соочуваат со уште поголем ризик.

„Исто така, симптомите на ракот кои никогаш не треба да ги игнорирате вклучуваат гастроинтестинални промени, постојана кашлица, главоболки, болки, промени на кожата, градите или оралните промени, хроничен замор и необјаснето губење на тежината“, додава д-р Банини.

Игнорирањето на чувството дека нешто не е во ред може да биде фатално бидејќи раната дијагноза значително ги зголемува шансите за успешно лекување. Доколку забележите нешто невообичаено, важно е веднаш да се консултирате со лекар.

реклама

Здравје

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Read more

Најевтината храна за појадок го намалува холестеролот и дава енергија

Read more

Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Read more

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Read more
 

Магазин

  • filter

Се продава венчаницата што Меланија ја носеше на свадбата со Доналд Трамп пред 20 години

Читај повеќе

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Читај повеќе

Две промени што треба да ги направите ако сте престанале да слабеете

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилешко со компири во слатко-кисел сос

Читај повеќе
  • play_arrow

Урнебесни одговори: Mладите белграѓани не знаат кој бил Тито

Читај повеќе

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Читај повеќе

Предмети од домаќинството кои никогаш не треба да се чистат со вода

Читај повеќе

Кога е вистинското време бебето да почне да спие во своја соба?

Читај повеќе