Една поинаква бајка: Изложбата „Улицата Волт Дизни“ на Марија Трпеска е инспирирана од Шуто Оризари

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ во соработка со бар „Нагоре“, како дел од проектот „Ѕид на уметноста“, на 18 март (сабота) 2023 година, со почеток во 21 часот ќе ја реализира третата изложба насловена „Улицата Волт Дизни“ на Марија Трпеска.

Улицата „Волт Дизни" - постои во единствената ромска општина Шуто Оризари, а од таму и мотивите и темата за оваа изложба на Марија Трпеска. Цртежите се работени под влијание на силниот наратив што го содржи ромската култура, уметност и начин на живеење.

„Работам во средно училиште како наставник по ликовна уметност во Шуто Оризари. Сакав цртежите да бидат бајковити, како што се дизниевите анимирани филмови, тоа е чувството што го имам кога го поминувам времето со децата и наставниците кога сум во училиштето; затоа што ми се менува општото чувство за време/простор, како да се дематеријализира сè околу и постои само сегашниот миг“, вели Марија Трпеска за оваа изложба.

Оваа реална магика, приказна реалност, несекојдневна и случајна мистичност е навистина како живот во друга димензија. Сцените кои Марија Трпеска ги има доловено во нејзиниот циклус „Улицата Волт Дизни“ ве пренесуваат во надреална, наивистичка симболика, во која кадрите кои се презентирани се развиваат праволиниски и се претопуваат во уникатните чувства и состојба на духот во кој коегзистираат боите, амбиентот, самиот карактер на општина Шуто Оризари.

Во овие цртежи ќе го препознаеме социо-емоционалниот и когнитивен аспект на заедницата, а преку детскиот пристап се навестуваат променливите расположенија во атмосферата. Затоа што пред зборот била скицата или цртежот, така и Трпеска не се обидува да внесе премногу детали во своите композиции и остава на посматрачот во просторната магловитост сам да ја инкорпорира својата имагинација.

Боите и текстурите се симплифицирани, линиите сведени на минималистичност и естетски исчистени од хиперреалистичност, со што можеби оваа серија само навестува една нова серија во која сите субјекти и објекти ќе продолжат да се прочистуваат и да ја пренесат кристализираната слика. Овие цртежи се своевиден прозорец кон еден непознат свет, поглед кон домовината на една етничка група на која треба да и се даде признание и афирмација во современ контекст. Аспектите, аглите и елементите кои Марија Трпеска успешно ги доловува го анимираат посматрачот и визуелно комуницираат на повеќе нивоа. Тие ги пренесуваат навиките на „малиот човек“, неговиот хабитус, неговите желби и стремеж, а јазикот на едноставноста на овие цртежи може да биде толкуван од сите генерации, независно дали се говори за либералното, слободарско око на едно дете или пак истенчениот вкус и вреднување на познавач на уметноста.

Токму таа уникатност во пристапот, во цртежите од серијата „Улицата Волт Дизни“ на Марија Трпеска е децентрализирачка, обединувачка, приемчива. Љубопитноста за отворената можност да се запознае култура која ни е толку блиска, а толку далечна. Има тајна возбуда во оваа серија на цртежи, жед за откривање на непознатото, а внатрешниот свет на Марија Трпеска веќе станува надворешен и поблизок до околината. Овој нов и експериментален проект ја зајакнува културната размена на искуства и е иновативен во самата иницијација и суштина.

Марија Трпеска е родена во 1989 година во Скопје, Република Македонија. Дипломирала во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, насока ликовна педагогија, модул сликарство. Нејзиниот главен ликовен фокус е цртежот, но истражува и со фотографијата и видео уметноста. Живее и работи во Скопје.

Нејзината уметничка работа се одликува со обработување на социјални теми, ликовни проекти кои се однесуваат на личности или групи на луѓе кои на некаков начин се поврзани со уметноста, а истовремено се маргинализирани од општеството. Работејќи со нив, преку нејзините дела им дава значење потенцирајки ја нивната уникатност, важност и улога како во општеството така и во нејзиниот креативен процес и себеидентификување како ликовен автор.

Учествувала на 10 групни изложби во Македонија и надвор, а „Free entry“ е нејзината прва самостојна изложба која досега пред публика е претставена три пати.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Култура

Почнува Рамазанскиот пост

Read more

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Read more

Почина актерот Димче Мешковски

Read more

Прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе