Шесте минути пред сексот се најважен дел од уживањето, тврдат експерти, а тоа го покажа и истражување според кое непосредното време пред односот е поважно од самата техника или траењето на сексот.

Што се однесува до сексот, некои луѓе навистина сакаат да ја продолжат предиграта додека можат, а некои сакаат веднаш да преминат на работата. Без разлика во која категорија спаѓате, изгледа дека постои многу едноставен начин двајцата да го подобрите сексуалниот живот, тврдат експерти за The Sun.
Истражување од компанијата Trojan Condoms откри дека се клучни оние шест минути пред сексот.
Ова секс правило и неговото почитување може значајно да ја подобри врската, заклучиле истражувачите од студијата во која учествувале 1.500 Канаѓани. Во основа, правилото вели дека луѓето треба да минат најмалку 6 минути уживајќи во нежностите пред сексуалниот однос, како бакнување, галење и други видови предигра. Во споредба со оние чија предигра била прекратка или ја немало, оние со шест минути или подолго изјавиле дека се чувствувале многу подобро по сексот.
Тој број значително се зголемил (56 проценти од мажите и 55 проценти од жените) кога парот се галел и по сексот.
Утврдено е правилото од 6 минути е особено важно за сексуалното искуство на жените, 61 проценти од учесничките изјавиле дека без него не можат да доживеат оргазам.
Мажите се сложиле дека почитувањето на правилото од 6 минути ги прави работите попријатни, но без оглед на тоа повеќето од нив доживеале оргазам.