Хроника

Едно лице загина во сообраќајка на патот Богданци-Стојаково

1. јули 2019 - 10:01 | МИА

Скопје, 1 јули 2019 (МИА) – Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера меѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки и товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки на крстосницата со локалниот пат Богданци-с. Стојаково.

Како што информираат од МВР, вчера во 22,50 часот било пријавено дека на крстосницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода меѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово. Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Коментирај