Хроника

Едно лицe загина во сообраќајна несреќа на патот Кратово-Пробиштип

23. ноември 2017 - 14:58 | Макфакс

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајна несреќа  што утринава се случи на патот Кратово-Пробиштип, кај местото Бигорска чешма.

Во несреќата учествувале „рено меган“ со скопски таблички и „фолксваген пасат“ со штипски ознаки.

Во болница биле пренесени пет лица, од кои едно им подлегнало на повредите.

Причините за несреќата засега не се познати.

Коментирај