Едно од најубавите домашни растенија крие многу интересна симболика

Како да негувате маранта и што привлекува во домот - симболиката на едно од најубавите домашни растенија.

Марантата е исклучително декоративно растение кое зрачи со посебна харизма и добра енергија. Тоа е едно од најсложените растенија во цвеќарството, но трудот и неговата грижа не се ништо во споредба со она што ни го носи - бескрајна убавина и прекрасна симболика во домот.

Има смарагднозелени листови, прошарани со темни дамки и розови жили на листовите. Ова растение потекнува од Јужна Америка, па затоа е важно просторијата во која се наоѓа да биде топла, да има доволно влага и растението да биде заштитено од директна сончева светлина. Поради неговите шари, многумина го нарекуваат и „пауново перо“.

Името го добило по Бартоломео Маранти, италијански лекар и ботаничар од XVI век. Кога станува збор за симболиката и енергијата што ја создава во домот, коренот од марантата го нарекуваат и „молитвено растение“ бидејќи секоја вечер неговите лисја се виткаат како раце при молитва. Затоа ова растение нѐ потсетува на молитвата и важноста да се изрази благодарност.

Кога лисјата од марантата се свиткуваат, тоа може да ни биде потсетник дека на крајот од денот треба да бидеме благодарни за сите добри и убави работи што ги имаме во животот. Можеби изгледаат како мали нешта, но знаете дека не би можеле без нив. Заблагодарете се за новиот ден, убавата вечер, прегратките од блиските луѓе, доброто расположение, домот, семејствот, пријателите... Склопете ги рацете и бидете благодарни за сѐ, бидејќи благодарноста е навистина лековита и моќна. Марантата се нарекува уште и билка „Десет Божји заповеди“, бидејќи има по 10 темнозелени дамки на листовите.

Освен што ова растение со прекрасни дезени внесува енергија на мир и благодарност во вашиот дом, идеален подарок е и кога сакате некому да му кажете „благодарам“. Подарете ја на саканата личност на која сте благодарни и марантата може да стане еден од симболите на вашата врска.

Најдобро е марантата да ја ставите во источниот или западниот дел од домот, на прозорец, но во летните месеци држете ја подалеку од прозорецот бидејќи директното сонце може да ја изгори. Оптималната собна температура за маранта е од 16 до 20 степени Целзиусови. Температурата во текот на зимата не смее да биде пониска од 10 степени. Ако е ладно, листовите се виткаат и венеат.

Важно е растението внимателно да се полева бидејќи ако има многу влага, коренот на растението може да изгние и цветовите целосно ќе се исушат. Наводнувајте го двапати неделно во текот на летото, а еднаш на секои седум до десет дена во текот на зимата. Најдобро е да се стави вода во тацната на саксијата. Овој начин на полевање е многу подобар бидејќи ја одржува влагата и го спречува гниењето на коренот. Од март до октомври, марантата треба да се наѓубрува со зелено ѓубриво еднаш неделно.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе