Хроника

Едно починато лице во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш-Штип

13. јуни 2019 - 11:13 | МИА

Скопје, 13 јуни 2019 (МИА) – Едно лице починало во сообраќајка што се случила вчера на магистралниот пат Радовиш-Штип меѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, вчера во 15.35 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(52) од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(57) од Скопје. Од здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Коментирај