Еднократна парична помош за пензионерите во социјален ризик и примателите на социјална помош, најави Герасимовски

Трета година по ред Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна парична помош за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Јавниот повик е објавен денеска и важи до 29.11.2024 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.

„Ги повикувам сите пензионери кои ги исполнуваат условите да го искористат ова право и да си го олеснат секојдневието, особено во период кога се предвидуваат поголеми семејни трошоци поради претстојните празници. Сметаме дека секоја поддршка е значајна и може да придонесе за подобрување на животниот стандард на нашите повозрасни сограѓани,“ порача Герасимовски

Оваа финансиска поддршка Општина Центар ја доделува на граѓани кои се со постојано живеалиште на територија на Општина Центар и кои се приматели на старосна, семејна, инвалидска, социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) чиј износ не е повисок од 23.758,00 денари (согласно податоците од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија исплатена пензија во месец септември 2024 година).

Заинтересираните граѓани треба да достават барање за доделување финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, за корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија – доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата – за примена пензија во последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2024 година), а за корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР-Центар).

Барањето е достапно во Архива на Општина Центар-Скопје, барака 6 и на веб страната на општината. Потребната документација може да се достави секој работен ден од 9 до 14 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар ќе им изготви Решение за доделување на финансиска поддршка. Исплатата ќе се изврши директно на трансакциските сметки на барателите и ќе биде реализирана до крајот на тековната година.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Македонија

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Read more

Од Зелениково до Центар за 25 минути со градски воз?

Read more

Втор саем на еколошки бизниси во рамки на Skopje Design Week 2025

Read more

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Read more
 

Вести

ЕК го заострува издавањето визи за руските граѓани

Читај повеќе

Путин не му се лути на Лавров бидејќи потфрли со Трамп

Читај повеќе

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Читај повеќе

За мито од 50.000 евра директор дал финансиска помош од ИПАРД програмата

Читај повеќе

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар

Читај повеќе

Од Зелениково до Центар за 25 минути со градски воз?

Читај повеќе

7 ноември 1829, роден е Марко Цепенков

Читај повеќе

Силјановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Втор саем на еколошки бизниси во рамки на Skopje Design Week 2025

Читај повеќе