Еднонога патка учи повторно да оди
Патката наречена Стамбл ја загубила едната нога кога се заглавила во рибарски конец. Ампутирана ѝ е и не може да оди користејќи ја само едната.
Ѝ била направена вештачка нога, но поради сериозноста на повредата не можела да ја приспособи и да ја користи.
Сега се движи со инвалидска количка, но сѐ уште не може сама, треба некој да ја турка. Вработените во фармата за животни инвалиди „Манор“ се надеваат дека наскоро ќе научи сама да ја користи количката.