Едноставен и брз оброк: Печени шампињони полнети со кашкавал и шунка

Печурките се одличен додаток на секое јадење, а со овој рецепт можат да станат и главен оброк. Лесно се прават, а состојките можете да ги прилагодите според вашите сопствени преференции.

Наместо шунка, можете да користите други сувомеснати производи, како и мелено месо. Исто така, освен основните зачини, можете да користите и магдонос, лук и слично.

Потребни состојки:
  • поголеми шампињони
  • кашкавал по ваш избор
  • шунка
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Внимателно исчистете ги печурките со четка. Не ги мијте бидејќи ќе ја впијат водата и нема да бидат вкусни. Извадете им ги стеблата и исечкајте ги. Печурките премачкајте ги со масло и посолете ги. Наредете ги во тавче обложено со хартија за печење.

Исечкајте ја шунката (или некој друг сувомеснат производ) на парчиња и изрендајте го кашкавалот. Можете да користите и мелено месо, но мора да го зачините пред полнењето. Во секоја печурка ставете ја шунката и сечканите стебла и посипете со рендан кашкавал. Исто така, можете дополнително да користите пармезан.

Печете ги печурките во загреана рерна на 190 степени околу 20 минути. Послужете ги додека се топли, а можете дополнително да ги декорирате со свеж магдонос или други билки.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Рецепти

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Read more

Сочни чоколадни триаголници со сок од портокал

Read more

Идеја за брз и вкусен појадок: Тост со маринирано пилешко

Read more

Едноставен и здрав колач со јаболка и цимет

Read more
 

Магазин

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Читај повеќе

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Читај повеќе

Ново истражување: Секојдневното користење омега-3 може да го забави стареењето

Читај повеќе

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе